СДСМ: Ќе има нови училишта, но нив ќе ги изгради новата одговорна Влада

од desk2
82 прегледи

Од СДСМ со писмено соопштение реагираат на прес конференцијата на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе има нови училишта, но нив ќе ги изгради новата одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Граѓаните знаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување имаше 10 години да направи нешто во образованието. Но криминалната власт избра да потроши над 630 милиони евра за барок во гипс. А ги остави учениците во студени и руинирани училишта, во влага и мувла.

Граѓаните затоа се изјаснија за промени, бидејки не сакаат повеќе нивните деца да учат во распаднати училишта и да се разболуваат поради лошите услови во нив.

Затоа итно е потребно да се испочитува мнозинската волја на граѓаните и да се формира новата Влада којашто ќе изгради нови училишта, ќе ги реновира постоечките и ќе воведе квалитетен образовен систем“ пишуваат од СДСМ.