Состојки:
600 г свинско месо без маст
4 големи глави кромид
1 пакет кори за баница
2 штипки сол
1 штипка оригано
2 штипки црн пипер
2 штипки чубрица
50 мл масло
Подготовка:
Исечете го месото на ситни парчиња. Исечете го кромидот на крупни полумесечинки. Загрејте го маслото и испржете ги во него месото и кромидот додека целосно се зацрвенат. Зачинете, додека е во тавата и добро промешајте.
Во намачкана тава постелете неколку кори, посипете со филот, потоа ставете уште неколку кори и така додека завршат корите и месото со кромидот. Внимавајте на врвот да остане кора. Намачкајте го врвот со малку масло и печете во загреана на 200 степени печка до добивање златна боја.