ВМРО-ДПМНЕ: Во свое време СДСМ планираше да ја продаде Градска болница

од desk2
84 прегледи
СДСМ во свое време планираше да ја продаде градската болница и да ја претвори во хотел – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
 Во нивното соопштение се вели дека во времето на СДСМ,  нивните министри наместо да купуваат медицинска опрема продавале стентови на црно и со прст не мрднале за подобрување на јавното здравство. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се додава дека во старата градска болница во тек е темелна реконструкција. вкупната инвестиција на клиниката „Св. Наум Охридски“ изнесува 125 милиони денари за градежните работи. Со реконструкцијата ќе се опфатат сите болнички соби, оперативниот блок, интензивната нега, центарот за изгореници, стерилизацијата и др.