“Гугл“ ќе се бори со онлајн троловите со вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
63 прегледи

“Гугл” соопшти дека ќе почне да обезбедува на медиумски организации програма со вештачка интелигенција која ќе помага за отстранување на коментари на тролови од нивни сајтови. Програмата Perspective ќе има за цел да им помага на уредниците кои се обидуваат да совладаат вжарени дискусии на своите сајтови, со филтрирање на сите навредливи коментари.

На овој начин од “Гугл” се надеваат дека ќе ја стимулираат интелигентната онлајн комуникација.

“Седумдесет и два проценти од корисниците на интернет во САД биле сведоци на онлајн насилство и речиси половина го доживеале лично”, изјави Џаред Коен, претседател на ќерката технолошка компанија “Jigsaw”.

Самата Perspective претставува збир на методи за олеснување на комуникацијата помеѓу системи и уреди, кој користи машински самостојно учење (удел на компјутерските науки, поврзан со вештачка интелигенција), за да оцени како коментарите ќе бидат прифатени од страна на други корисници.

Првично програмата ќе работи само со англиски, но според Коен претстои развој и на апликации за други јазици. Во моментов, системот кој ќе обезбеди бесплатни медиумски групи и социјални мрежи, се тестира од сајтовите на “Економист”, “Гардијан”, “Њујорк тајмс” и “Википедија”.

Многу информативни сајтови ги затворија секциите за коментари под статиите поради недостиг на соодветен човечки капацитет, за да ја следи нивната содржина.