
По повод празникот Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до граѓаните кои го чествуваат овој голем христијански празник, до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, до Синодот и до претставниците на МПЦ.
„На овој голем празник на духовно помирување, да се издигнеме над искушенијата што ја испитуваат нашата определба кон вредностите што ни се потребни како луѓе, но и како граѓани на едно општетство во кое што живееме и имаме обврска да го градиме сите. Го избравме доброто наспроти злото, вистината наспроти лагата, правдата наспроти неправдата, заедничкиот живот наместо поделби. Покажавме трпение, толеранција, мудрост и отвореност кон проблемите што носат решенија за мир и благосостојба на секој човек. Тоа е патот на нашето индивидуално и колективно помирување, каква што силна порака носи овој голем верски празник. Во нас е совеста, пред нас е институционалната и општествена зрелост,“ вели Заев во честитката.