СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и осуда на народи за геноциди

од desk2
85 прегледи

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу Македонците, Албанците, Србите, Турците.“

– Огромното мнозинство граѓани, над 612.000 Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци застанаа еден до друг заедно во цврстата определба за живот, правда, промени и заедништво во Македонија. Затоа, граѓаните се факторот на стабилност во Македонија. Криминалната власт е „дефакторизирана“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се додава дека „разговорите за обезбедувањето на парламентарното мнозинство се поставени исклучиво на Уставот на Македонија“.

– Сите кои се исплашени од промените што одземаат лични привилегии на поединци и носат одговорност за злоделата врз граѓаните, не сакаат граѓаните да живеат во ваква Македонија. Оттаму се сите лажни вести и измислици во медиумите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ./Meта