![]()
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со Никола Попоски, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари разговор со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Могерени ги повтори јавно изнесените ставови на Европската комисија за актуелните теми и области.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата на премиерот на Албанија Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство.
Воедно беше истакнатот фактот за нарушување на принципот за коалицирање на “победник со победник” по изборите.
Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека спроведувањето на брзи избори е најдобриот начин за стабилност и надминување на политичката криза“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.