Демократскиот сојуз го повикува Али Ахмети, во интерес на мирот и стабилноста на Република Македонија, како и создавање основни предуслови за владеење на правото, да ја повлече таканаречената “Платформа”, бидејќи истата досега се искористи за како што оценува партијата, за невидена пропагада од раководството на ВМРО ДПМНЕ и создаде поделби и чувство на несигурност и меѓусебни конфронтации помеѓу граѓаните.
– Се работи за специјална војна со поттикнување на протести, како можен вовед во дестабилизација и граѓанска војна. Повлекувањето на платформата ќе ги елиминира аргументите на лажниот патриотизам, се вели во соопштението на ДС.
Оттаму сметаат дека со тоа ќе се создадат услови да се формира реформска Влада, а дебатата за сите отворени прашања ќе се одвива во Парламентот.