„Дајмлер“ повлекува над 75 000 „Мерцедес Бенц“ од Англија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Германскиот автоконцерн “Дајмлер” соопшти дека повлекува над 75 000 модела “Мерцедес Бенц” од Англија поради опасност од пожар. Ова е само мал дел имајќи го предвид фактот дека на германскиот автомобило-производител ќе му се наложи да отстрани од пазарот вкупно 1 милион автомобила, поради 51 пријавен случај на палење.

Според експертите причината е дефект во осигурувачот кој ги тера автомобилите да прегреат и да се палат. Во моментов нема информации за смртни случаи или тешко повредени возачи или патници, рече фирмата во официјалното соопштение.

Засегнатите се моделите од А, B, C и E-класа, како и моделите CLA, GLA и GLC, пишува “BBC Ди”.