Состојки:
10 јајца
10 парчиња чадена шунка
1 штипка сол
1 штипка копар
1 штипка црн пипер
100 г кашкавал
Подготовка:
Извадете го садот за мафини и намачкајте го со масло. Во секое гнездо подредете претходно ситно исечкана шунка. Изматете јајца со рендан кашкавал и зачини. Прелијте од смесата во секој од садот, за да се покрие шунката до половината на формата.
Печете ги мафините околу 20 минути во загреана на 200 степени рерна.