ДУИ најави транспарентно реформирање на сите нивоа и структури на партијата

од desk2
86 прегледи

ДУИ денеска соопшти дека на последниот состанок на Претседателството на партијата каде што било одлучено да се побара од Иванов да ја повлече неговата, како што наведуваат, антиуставна одлука и да станат дел од парламентарното уставно мнозинство за формирање на новата реформска влада, се разговарало и за потребата од транспарентно реформирање на сите нивоа и структури на ДУИ.

Како што се наведува, уште од нејзиното основање, ДУИ како наследничка на ОНА и Ахмети се до денес биле победници во секоја изборна трка освојувајќи ја довербата од апсолутното мнозинство Албанци во земјата.

– За нас, довербата на граѓаните за претседателот Али Ахмети и ДУИ е над се и затоа, за обелоденување на целосната и единствена вистина, ДУИ останува, бара и ќе се ангажира за длабоко истражување на активноста на секој функционер од 2002 година до денес и пренесување на одговорност за евентуални злоупотреби на партиската доверба и службената должност, стои во соопштението.

Според ДУИ, овој чекор го покажува цврстиот ангажман за обелоденување на вистината и иницијативата за реформи за стабилност и продолжување на ДУИ како национална вредност, преку правно и институционално отстранување на сите сомнежи, но, и на постојаните тенденциозни клевети упатени кон партијата.