Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка за Македонија, Арни Бјорнстад.
![]()
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, по противуставната одлука на Ѓорѓе Иванов да не го даде мандатот за формирање на новата Влада според мнозинската волја на граѓаните.
-Уставната криза што ја предизвика Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го даде мандатот на парламентарното мнозинство обезбедено со потписи од 67 пратеници избрани од граѓаните е штетно и опасно сценарио што ја продлабочува политичката криза во Македонија. Овој развој на настаните е во интерес само на Никола Груевски кој преку насилство и провокации се обидува да спречи мирен трансфер на власта, спротивно на мнозинската волја на околу 700.000 граѓани. Неопходно е Иванов што побрзо да ја смени одлуката и да го даде мандатот за формирање на новата Влада во Македонија, што е интерес и на граѓаните и на државата, рече заменик претседателката Радмила Шекеринска.
Заменик претседателката Шекеринска додаде дека Уставот предвидува јасни решенија за излез од политичката ситуација што ја креира Иванов за да го штити Груевски.
Заеднички е констатирано дека Уставот и законите на државата мора да бидат почитувани и спроведени од сите институции на системот и дека единствениот пат за евро-атлантски развој на Македонија е да продолжат демократските процеси.