[РЕЦЕПТ] Тортиља со колбас чоризо

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Состојки:
8 јајца
250 г варени компири
2 варени моркови
150 г ситно исечкан колбас чоризо
1-2 лукчиња
црн пипер, сол, маслиново масло
Подготовка:
Во тркалезна тава постелете хартија за печење (околу 22 см дијаметар) и намачкајте ја со малку маслиново масло. Потоа измешајте ги јајцата и зачинете со малку сол и црн пипер. Додајте кон нив ситно сечкани компири, моркови, лук и чоризото.
Промешајте и истурете ја смесата во садот. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Служете ја тортиљата малку оладена или ладна.