Состојки:
1 кромид
2 моркови
1/2 глава целер
4 лукчиња
2 домати
1/4 кг лукчиња арпаџик
1/2 чаша маслинки
200 гр свежи печурки по ваш избор
вода
1/2 чаша бело вино
1 кафе чаша ориз
4 компири
сол, црн пипер
магдонос
Подготовка:
Во добро загреано масло запржете исечкан кромид, заедно со морковите и целерот.
Кога ќе поомекнат, кон нив додадете лукчиња, маслинки и исечете 2 до 3 печурки.
Дотурете со водата и виното.
Штом ќе зоврие може да ги додадете оризот и компирот исечени на ситно.
Кога компирите и оризот се подготвени, додадете сецкани домати и толчен лук.
Зачинете со сол и црн пипер и по желба запечете ја чорбата во рерната.
Пред да сервирате посипете со свеж магдонос.