Зијадин Села oстварил средба со високи претставници на американската амбасада во Скопје

од desk2
82 прегледи

Денес во просториите на Американската амбасада во Македонија, претседателот на Движењето за реформи ДПА,  Зијадин Села придружуван од генералниот секретар Арбен Таравари, остварија средба со високи претставници на Американската амбасада, соопштуваат од Движење за реформи ДПА.

На средбата се дискутирало за актуелната политичка состојба и конструктивниот однос на Алијансата на Албанците во однос на изнаоѓање решение за излез од актуелната политичка криза.

Исто така, на состанокот се разговарало и за двете многу важни прашања од Заедничката платформа на албанските партии, понатамошното функционирање на СЈО и законот за употреба на албанскиот јазик како легитимно барање на албанските гласачи, произлезено од волјата на мнозинството Албанци од последните избори.