Средба на Ахмети со Хелбах

од desk2
87 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со Кристијан Хелбах, специјален претставник на германското МНР со кого разговарале околу новонастанатата ситуација по изборите на 11 декември и политичката состојба во земјава, како и напорите за излез од политичката и институционалната блокада.

Како што соопшти ДУИ, на средбата на која присуствувала и германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер, Ахмети истакнал дека инсистираат за заокружување на Охридскиот договор, системски реформи и за евроатлантска интеграција и ја нагласил улогата на пртијата во одржувањето кредибилни избори.

– Ахмети истакна дека изборите беа организирани за да ја решат кризата, а не за да ја продолжат или ја продлабочат, стои во соопштението.

Хелбах, пак, се наведува, истакнал дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласил поддршката на Берлин за интегрирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи.

Лидерот на ДУИ, се додава, го информирал Хелбах дека се прават напори за да се деблокира Собранието за да почнат да функционираат институциите и нагласил дека „оправдувањата на Иванов се неодржливи затоа што заедничката изјава е резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии и на ниту еден начин не го загрозува уставниот поредок на Македонија“.