
Пратеници и членови на “Њуз Медиа Асошиетет” тврдат дека “Фејсбук” и “Гугл” намерно ставаат реклами до “лажни вести”, екстремистички видеа и порнографски материјали. Според нив онлајн гигантите помагаат на пропагандни сајтови, а во меѓувреме лишуваат легитимни новински организации од финансирање. Од Здружението дури побарале да се спроведе истрага за начинот на кој технологијата на двете компании ги промовираат “лажните вести” во интернет просторот. Поранешниот министер за култура Џон Уитингдеил го поддржи вчера мислењето дека двете компании се обидуваат да ја користи содржина која не ја платиле и дека намерно не ги вработи новинарите. Тврдењата се појавуваат само ден откако “Фејсбук” одби да укине дел на слики на деца од сексуален карактер од платформата.