
Важно е да се спроведе волјата на мнозинството на електоратот, кои јасно посочија дека се заинтересирани за суштински реформи и нов пристап кон целосна рамноправност, социјален напредок и кон постигнување на стратешките цели, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО, соопшти денеска Алијанса за Албанците.
Од партијата не ја коментираа програмата која вчера ја презентираше СДСМ, но рекоа дека таа ќе биде проширена со цел да ги рефлектира и интересите на сите.
„Во однос на 15-те приоритетни принципи утврдени од страна на СДСМ „Алијансата за Албанците“ смета дека албанските политички партии во владината проширена програма ќе бидат внимателни за да се опфатат сите точки кои се со посебен национален и граѓански интерес“, стои во соопштението на „Алијанса за Албанците“.