
Единствената реална платформа што ја гледа целата домашна и меѓународна јавност е Програмата на новата реформска влада, којашто содржи мерки за основните потреби на граѓаните и ја гарантира унитарноста на државата, стои во реакцијата на СДСМ на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствено ВМРО-ДПМНЕ има потреба да се преправа дека не ја гледа Програмата на новата влада, затоа што раководството на партијата има потреба да ја продлабочува политичката криза. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ неуспешно се залажува дека на тој начин можат да го заштитат криминално стекнатото богатство и да се спасат од одговорност за тоа“, велат од СДСМ.