СДСМ Прилеп: Просториите на комуналните претпријатија злоупотребени за партиски цели

од desk2
62 прегледи

Наплатните центри на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ кои се наоѓаат во центарот на Прилеп се излепени со повици за протести и тоа од внатрешната страна на стаклата од двата објекти Тоа значи дека повиците се излепени со дозвола или со знаење на вработените и директорите Златко Ристески и Сашо Николоски, обвини денеска Општинската организација (ОО) на СДСМ во Прилеп.

„Сите што прават злоупотреби во обид да го спасат криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, ќе понесат одговорност. Ниту една злоупотреба нема да ги спречи демократските процеси и промените во Македонија“, се вели во соопштението.