Состојки:
1 кг компири
½ кг телешко мелено месо
3 домати
оригано
црн пипер
100 г варен грашок (од конзерва)
2 глави кромид
50 мл масло
Подготовка:
Загрејте масло. Во него испржете го кромидот, претходно исечен на ситно. Промешајте за 4-5 минути, а потоа пржете го заедно со него и меленото месо. Тргнете од топлина, кога меленото месо ќе се испржи.
Во тоа време излупете и измијте го компирот. Пресечете ги на половини и издлабете го јадрото, каде што ќе ставите фил. Исечете ги доматите, измешајте ги со грашок и конечно кон нив додајте ја и смесата со меленото месо и кромид. Измешајте добро и наполнете го секој компир со неа. Конечно “затворете” го компирот. Печете во загреана на 200 степени печка отпрвин под фолија, потоа отстранете го за да фати компирот коричка.
Забелешка : Можете да додадете малку вода во плехот за печење, за да се зготви компирот побрзо, а и да е кревок.