Џенифер Лопез не може долго време да остане сама. Деновиве стана јасно дека пејачката и актерка има романса со безбол играчот Алекс Родригез. Двајцата се заедно околу еден месец.
Изгледа тие не губат време, бидејќи веќе биле пресретнати додека се одмораа на Бахамите, пишува OK Magazine.
Излегува дека поп дивата целосно заборавила на помладиот колега Дрејк, со кого имаше кратка љубовна афера. Исто според изданието, Лопез веќе успеала да го запознае Родригез со двете деца.
И четворицата биле забележани заедно во Мајами. Оттаму двојката заминала за Бахамите. Фотографи ги виделе на аеродромот, а подоцна тие се качиле на моторен чамец и направиле круг низ островите.
Алекс и Џенифер исто така го посетиле домот на пријатели. Сè уште не се знае до кога ќе трае романтичното патување, забележува извор близок до ѕвездите.
