Нема да има истрага против Тони Блер за војната во Ирак

од Vladimir Zorba
54 прегледи

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер нема да биде обвинет пред  англискиот парламент за настаните врзани за време на Војната во Ирак во 2003 година.

Комитетот за јавна администрација потврди дека г-дин Блер нема да биде вовлечен во нова истрага за тоа дали е или не е, виновен за одлуките на  парламентот. Единствен исклучок ќе се направи, ако бидат откриени “нови и актуелни” докази. Комитетот додадоа уште дека студијата предводена од сер Џон Чилкот  не дала “доволна причина” за спроведување на таквата истрага.

Локално.мк  потсетува дека Блер стана особено непопуларен по излегувањето на извештајот на комисијата “Чилкот”, којаго истражуваше вклучувањето на Британија во војната во Ирак, што се случи за време на мандатот на Блер. Во јули минатата година комисијата заклучи во својот извештај дека Велика Британија е влезена во војната во Ирак “пред да се исцрпени мирните решенија за разоружување” на ирачка армија од оружје за масовно уништување. “Состојбата во која е донесена одлуката дека имало правна основа за британска воена операција биле премногу неуверлива”, изјави тогаш претседателот на комисијата Џон Чилкот. Во извештајот се наведува дека една година пред почетокот на војната во Ирак Блер му ветил на тогашниот американски претседател Џорџ Буш дека ќе биде со него “што и да се случи”. Блер презеде и критики поради тоа што работел како советник на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, за што самиот Блер рече дека жали.