
Експерти од НАСА изјавија дека да се има секс во вселената воопшто не е едноставна работа. Научниците од американската вселенска агенција објаснуваат дека вселенската љубов е спречена од многу фактори. Најтешкото од се е гравитацијата. Обидите за занемарувањето на овој фактор е придружено со симптоми на морска болест. Да не зборуваме дека во отсуство на гравитација бакнеж на пример, е тешко изводливо нешто. Американската астрофизиката и популаризатор на науката Нил Тајсон објасни дека основниот проблем пред оние кои сакаат да влезат во клубот на вселенските љубовници е Третиот закон на Њутн, кој гласи дека секоја акција има еднаква по големина и спротивно од правецот спротивставување. Така секој обид за интимен контакт ќе доведе до забрзано движење на телото на партнерот наназад додека не се удри во ѕидот на вселенскиот брод.