Техничката Влада демантира дека расправала за документ сличен на албанската платформа

од desk2
133 прегледи

Реакција на техничката Влада на текстот „Груевски ја прифатил албанската платформа во владин документ во 2015 година“:


Почитувани,

Демантираме дека Владата на Република Македонија има усвоено документ Преглед на Охридскиот рамковен договор за социјалната кохезија.

Таквите Ваши наводи се целосно неточни и невистинити, и истите ги демантираме во целост.

Владата на Република Македонија не само што не го усвои, туку одби да го постави и да расправа на владина седница за овој документ.