Британската актерка Миша Бартон стана уште една ѕвезда, која може да биде понижена јавно со секс снимка.
Таа свика прес-конференција, на која соопшти дека некој се обидува да ѝпродаде нејзин клип со еротска содржина.
Ѕвездата од “Округот Оринџ” ги собра новинарите под изговор дека сака да помогне и на други жени кои се во нејзината ситуација.
“Сакам да ги заштитам од болката и понижувањето низ кои морав да поминам. Ниту една жена не треба да го преживува тоа. Многу е тешко, но се радувам што конечно се залагам за себе “, изјави 31-годишната русокоса.
Нејзината адвокатка Лиза Блум додаде дека кадрите во филмот се направени меѓу 2016 и 2017 година, но не е јасно кој бил партнер на Миша и дали е познат. Блум беше категорична дека ќе го гонат и судат секој кој е вмешан во ширењето на “злобна порнографија”.