СДСМ: Децата да се заштитат од партиски протести

од Vladimir Zorba
80 прегледи

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека ги поддржува родителите кои остро се спротивставуваат на злоуопотребите на нивните деца за протести и дека тие што учествувале во притисоци врз ученици или кои тоа не го спречиле, ќе се соочат со одговорност.

– Поднесени се кривични пријави против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, и против директорот на прилепското средно индустриско училиште „Ристе Ристески-Ричко“, Жарко Темелкоски, затоа што влегоа во кривично дело. Надлежните институции мора да постапат против секој во училиштата или задолжен за нив, кој ја злоупотребува својата функција или позиција за овие цели и на тој начин ја загрозува и безбедноста на децата, наведува СДСМ во соопштението.

СДСМ нагласува дека обврска да спречат вмешување деца во, како што вели, партиски цели, имаат директорите и професорите во училиштата, градоначалниците под чии ингеренции се училиштата и Министерството за образование.