Џорџ Клуни изненади своја 87-годишна обожавателка во Рединг, Англија, и ја посети во старечки дом и ѝ подари цвеќе и честитка за роденденот, соопштија американските медиуми.
Актерот се снима со среќната Пат Адамс, а Линда Џонс, која работи во старечки дом, ги објави сликите на Facebook.
“Дамата на сликата го сакала Џорџ Клуни и секој ден зборувала како сака да се сретне со него, особено откако живее толку близу”, напиша Џонс кон фотографијата.
Вработените во домот испратија писмо на актерот со барање да се исполни сонот на повозрасната жена, а Клуни, кој има имот во близина на старечки дом во Беркшир, се одзвал.