Сонцето има знаци на планета

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Американските научници ги регистрираа на Сонцето брановите на Росби. Претходно овој феномен се случуваше само на Земјата. Деталните резултати од истражувањето со опис на откритието се објавени во списанието Nature Astronomy. Брановите на Росби на Земјата се среќаваат над океаните и во умерените широчини. Тие имаат големо влијание на климата. Нивната особеност се состои во тоа што создаваат пречки во воздушната обвивка на нашата планета, а на Сонцето се набљудуваат како измени на магнетното поле во умерените ширини на сончевата атмосфера, што доведува до флуктуации на вселенското време.

Откритието е направено со помош на вселенските летала SDO (Solar Dynamics Observatory) и STEREO (Solar TErrestrial RElations Observatory).

Тие им овозможија на научниците да ја проучуваат единствената ѕвезда на Сончевиот систем во ракурс 360 степени.

Претходно такви истражувања биле невозможни, бидејќи од Земјата била истакната само едната страна на Сонцето. На земјата брановите се откриени на крајот на 30-тите години од метеорологот Карл Густав Арвид Росби. Тие се крстени во негова чест.