Не ви се најблиски конфликтите во врски, често ги избегнувате, а и вашата врска не трае којзнае колку долго.
Како би се дефинирал себеси во љубовта? Дали спаѓате во луѓето кои и покрај флертовите и љубовните приказни се сингл? Видете неколку сигурни знаци дека сте од нив.
Вие сте сингл во срцето
Психолозите велат дека кога некој е сингл во срцето, тој се радува на реалноста во која е. Само има луѓе кои по природа се такви. Понекогаш создаваат романтични врски, но не се склони на долготрајни партнерства. Идејата да формираат семејство не ги тера да се чувствуваат удобно и ги преферираат кратките партнерства.
Соло сте
Друг знак кој сугерира дека вие се чувствувате подобро сингл е тоа дека не само што се потпирате на сопствената сила и се соочувате со предизвиците на животот, но ѝ обожавате тоа да го правите. Кога човек се чувствува силен, бидејќи животот е во негови раце, самодовербата брзо му расте.
Обично во една врска очекуваме партнерот да ни биде поддршка, да ни дава сила, да помага во решавањето на проблемите. Не така стојат работите за луѓето кои некаде длабоко во себе сакаат да се сингл.
Си ја сакате слободата
Ако сте доживеале љубовна врска, во која слободата на личноста ви била загрозена и ограничена на некој начин, тоа без сомнение е причина вие да сакате да сте необврзани.
Некои луѓе едноставно сакаат да го имаат луксуот на времето што го имаат, да раководат сами со својот живот, да уживаат во слободата. Стравот дека следната љубов може да им ја одземе оваа независност ги тера да изберат статус “сингл”.
Се плашите дека ќе пропуштите нешто подобро
Често ли се двоумите во изборот на долготраен партнер? Страв ви е дека можеби некаде таму ве чека нешто навистина подобро и соодветно за вас …
Не престанувате да барате, затоа не се обврзани сериозно или едноставно прескокнувате можности за создавање и на минливи односи? Нема сомнение дека длабоко во себе сте личност од тип сингл. Тоа не значи дека во даден момент нема да ви се занесе срцето и душата по некого.
Не прифаќате ништо помалку од совршено
Познато ви е дека совршенството не постои, но тоа не ве обесхрабрува да продолжите да го барате.
Иако длабоко во себе знаете дека нема да го најдете совршениот партнер , не се откажувате да го барате оној кој би ви ги опфатли критериумите. Затоа преферирате да бидете сами, наместо да имате несовршен партнер.