Лук Еванс: Славата ми се чини натприродна

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Актуелниот по ликот на негативецот Гастон во “Убавицата и ѕверот”, Лук Еванс даде интервју за модното издание The Jackal.

Актерот раскажува за работата над филмот на Дизни и за сложените односи со кои се соочува во кариерата откако призна дека има нетрадиционална сексуална ориентација.

Ѕвездата учествува и во нова фотосесија. Лук позира пред објективот на познатиот фотограф Симон Липман.

Холивудскиот убавец е сместен во раскошен ентериер на луксузен хотел. Самиот Лук се чувствувал во таквата ситуација малку здрвен, бидејќи не бил навикнат на такво внимание.

“Никогаш не сум верувал дека ќе ми се случи такво нешто. Фактот дека земам учество во фотосесија облекувам некакви облеки и разговарам со некого за мојот живот, ми изгледа натприродно. Сепак, ова е прекрасно “, признава актерот.

Освен во “Убавицата и ѕверот”, го паметиме Лук Еванс како “Дракула: Нераскажаните”, а исто така учествува во филмовите “Судирот на Титаните”, “Брзи и бесни” 6 и во “Хобит”.

Видете го Лук Еванс во галеријата.