(ВИДЕО) Песната на Елена Ристеска и Хари Мата Хари доби свој спот

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Денеска беше промовиран видео записот за долгонајавуваната соработка на Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Мата Хари.

Дуетот на Елена и Хари е насловен„Још ме плашиш“ , а спотот започна да се снима уште пред неколку месеци при што дел од кадрите се снимени во Скопје, а дел се доснимија во Белград пред само една недела.

Автор на музиката е Хари, а текстот го напишаа Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, додека аранжманот е дело на нашиот Дарко Димитров.

За стајлингот на Елена и овој пат задолжени беа нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу.