Лејди Гага славеше роденден со Елтон Џон и Џони Деп

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Во вторникот вечерта Лејди Гага го прослави 31-виот роденден во друштво на Елтон Џон и Џони Деп во луксузен ресторан. Прославата се одржа во еден од омилените нејзини калифорниски локали – “Џелина”, а меѓу останатите гости на забавата беа диџејката Саманта Ронсон, сопругот на Елтон Џон, заедно со неговиот најголем син Закари, како и агентот на пејачката Кристијан Кери, кој моментално е и нејзин дечко.

Лејди Гага и Елтон Џон се многу блиски пријатели со години, а таа дури е кума на неговите двајца синови.