Кога имаме сериозна врска, тежнееме да делиме сè, или барем речиси сè. Може да нема никаков проблем да споделуваме храна, бања и работни задачи, но понекогаш не се чувствуваме удобно да откриеме полични работи, како сексуални фантазии на пример.
Според податоците на најновото истражување, кога тоа не предизвикува никаква загриженост кај нас, зборува многу за квалитетот на нашата врска.
За целите на истражувањето учествувале луѓе, од кои повеќето се хетеросексуални и имаат долгорочна врска која трае во просек две и пол години. Тие одговарале на прашања онлајн.
Прашањата ја истражуваат стабилноста на врската, комуникацијата меѓу партнерите, степенот на сексуална сатисфакција, информациите за сексот, кој тие го делат, како и колку се подготвени да зборуваат за нешта кои партнерот би ги прифатил како навредлив.
Излегува дека луѓето кои велат дека се сексуално задоволни, имаат подобра комуникација и се задоволни во многу голема мера од својата врска и имаат стабилна врска меѓу себе.
Овие луѓе се повеќе склони да ги споделат своите сексуални фантазии со својот партнер.
Од истражувањето уште станува јасно дека луѓето се нервозни во најголема мера, кога станува збор за минати искуства, како анален секс и порно филмови.
Податоците на истражувањето се објавени на страниците на The Journal of Sex Research.