(ВИДЕО) Пеперминт со ново кул видео за песната „Не си со сите“

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Македонскиот состав Пеперминт промовираше уште една нова песна насловена ,,Не си со сите“. Но, покрај препознатливиот кул звук, песната носи и неверојатно видео кое е вистинско освежување за македонската сцена.

Спотот е во режија на Dave Jones, кој делата на голем број дечиња ги преточи во оваа уникатна и блиска до Пеперминт анимација.

„Тој успеа да прикаже еден свој симпатичен свет кој сосема соодветствува со Пеперминт.“ велат од бендот.

Песната и видеото ви ги проследуваме во продолжение.