Стримингот го крева профитот на американската музичка индустрија

од Vladimir Zorba
105 прегледи

За прв пат во историјата на американската музичка индустрија, стримингот го носи поголемиот дел од приходите, но музичарите сметаат дека нивниот труд ќе остане недоволно награден. Токму музиката онлајн го крева растот на оваа индустрија на највисокото нејзино ниво во последните 20 години, покажуваат податоците објавени во четвртокот и цитирани од АФП.

Вкупниот промет на музичката индустрија во САД е зголемен за 11,4% во 2016 година за да стигнат годишните профити 7,7 милијарди долари – највисоки од 1998 година. Тоа покажува информации на Асоцијацијата на музичката индустрија на Америка (Recording Industry Association of America). Вкупниот промет во 2016 година, сепак e само половина од нивото постигнато во крајот на 90-тите години на XX век, пред револуцијата на музиката онлајн.

Повеќе од половина од приходите на музичката индустрија во 2016 година (51%) доаѓаат од стриминг и од уплатените претплати на нумеричките даватели на музика (како Spotify, Apple Music и Tidal). Само 9% биле тие во 2011 година.

Распространетоста на стримингот во САД, најголемиот пазар на музика во светот, го потврдува глобалниот тренд во последниве години. Друга организација – Меѓународната федерација на музичката индустрија (The International Federation of the Phonographic Industry), со седиште во Лондон, исто регистрира историски раст во 2015 година.

Податоците за 2016 ќе бидат обелоденети во наредните недели. Стримингот, кој им овозможува на корисниците да ги слушаат песните по свој избор онлајн, предизвикува загуби на другите формати кои во историски план ги носеле најголемите приходи за уметниците.

Приходите од симнување на дигитална музика на платформи како iTunes паднаа за 22% во 2016 година додека продажбата на ЦД (CD) се намали за 21%. Исклучок останува винилот кој ужива преродба, благодарение на интересот на колекционерите.

Но, приходите од винилот растат само со околу 4% во 2016. Големите дискографски компании го поздравија доаѓањето на стримингот како нов начин за стимулирање на музичката индустрија, кој се соочува долго време со вонредна состојба по години на борба против нелегалното симнување на крајот на 90-тите години. Некои автори и изведувачи се жалат дека не можат да имаат корист од подемот на стриминг. Тие ги покажуваат и ограничените приходи кои добиваат музичарите, дури и да има ново зголемување на продажбата.