(ВИДЕО) Новиот трејлер на „Игра на престоли“ собира на едно место три главни лика

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Иако се уште има цели четири месеци до премиерата на седмата сезона на серијата “Игра на престоли” фановите беа воодушевени со последниот трејлер на серијалот кој собира на едно место тројца од нејзините главни ликови. Во 90-секундното  видео се гледаат Церсеј Ланистер (Лина Хиди), Денерис Таргариен (Емилија Кларк) и Џон Сноу (Кит Харингтон) кои го продолжуваат својот поход кон Железниот трон.

И тројцата се прикажани како трчаат со своите престоли под придружба на парчето од 90-те на британски инди бенд James “Sit Down”.

Од премиерата во 2010 година фантастичната серија освоила 38 награди “Еми” – повеќе од кој и да бил серијал во историјата.

Сагата исто така ужива и на импресивна публика од над 25 милиони гледачи. Во моментов се познати многу малку детали околу новата сезона, чија премиера е најавена за 16 јули, освен тоа што во неа учество ќе земат носителот на “Оскар” Џим Броудбент и музичарот Ед Шииран.