Состојки:
3 банани
2 јајца
1 чаша брашно
½ чаша кафеав шеќер
50 мл масло
1 прашок за пециво
1 течна ванила
1 течна есенција рум
кокосови струготини
шеќер во прав

Подготовка:
Намачкајте и набрашнете калап за печење торта по избор (тркалезна или правоаголна). Изгмечете ги бананите добро во голем сад. Кон нив додадете ги јајцата, шеќерот и маслото. Промешајте со миксер. Потоа додадете го и брашното претходно измешано со прашокот за пециво. Додајте и ванила и рум. Промешајте повторно со миксер.
Истурете ја смесата за тесто во калапот. Посипете со кокосови струготини. Печете во загреана на 180 степени печка за околу 40 минути или до подготвеност. Откако ќе ја извадите тортата од рерната, посипете со шеќер во прав.