Состојки:
4 јајца
1 авокадо
200 г варен грашок од конзерва
2 врски магдонос
150 г печурки
150 г сирење
сол
црн пипер
2 лажици масло
2 страка марула
1 врска млад кромид
Подготовка:
Промешајте ги јајцата заедно со зачините. Исечете го магдоносот и кромидот на ситно. Исечкајте го сирењето и авокадото на коцки, а зелената салата искинете ја за салата. Измешајте ја салатата со авокадото и зачинете со малку црн пипер и маслиново масло. Оставете ги настрана.
Загрејте го маслото. Во него запржете ги печурките. Измешајте ги јајцата со кромидот и залејте ги печурките. Откако омлетот ќе биде подготвен внимателно извадете го свиткајте го на две и пополнете го со авокадото, зелена салата и ситно сирење. Посипете со магдоносот.
802