Состојки:
1 парче зелена кадрава салата
500 г печено или варено пилешко
1 краставица
½ врска магдонос
2 лажици маслиново масло
½ лажичка сол
½ лажичка црн пипер
½ лажица балсамико оцет
1 грст кикирики
Подготовка:
Сварете или испечете го пилешкото по избор. Марулата искинете ја на крупни парчиња. Портокалите исечете ги на коцки или крупни парчиња. Исечете го магдоносот на ситно. Краставицата се сече на полумесечина. Потоа измешајте ги сите производи во голем сад. Зачинете со зачини. Посипете со кикирики.