Состојки:
1 чаша шеќер
1 чаша мелени ореви
3 ванила
1 чаша стопен путер, но не зовриен
2 јајца
2 чаши брашно
Подготовка:
Во сад измешајте масло заедно со јајцата и шеќерот. Додајте ги кон нив брашното, оревите и ванилата (по потреба дотерајте го тестото со малку брашно или млеко). Добиеното тесто се тркала и се сече кругови. Во секое се става мала количина слатко или чоколадо и се навива.
Ставете ги кифлите во послужавник, врз хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени до подготвеност. Пред да сервирате по желба може да посипете со шеќер во прав.