Самсунг ќе им плати на „Хуавеи Технолоџис“

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Судот на Хангжу му наметна на “Самсунг” парична казна во висина од околу 12 милиони долари поради намерно прекршување на патентните права на “Хуауеи Технолоџис”. Одлуката на судот доаѓа во одговор на заведени во 2016 година обвинувања на технолошкиот гигант “Самсунг” против кинеската корпорација.

До судски битки се дојде откако двете компании не успеаја да постигнат  договор за користење на технологија за работењето на мобилни мрежи. Според тужбата корејскиот производител ги обвинува “Хуавеи” за кражба на интелектуална сопственост, преку неовластено користење на неговите патенти во неколку телефони и таблети.

Предметните патенти покриваат безжични комуникации, дигитални камери и други технологии. Пред тоа слични обвиненија покренаа и од “Хуавеи”, тврдејќи дека “Самсунг” се кршат правата на патенти за 4G, кориснички интерфејси и оперативни системи.