(ФОТО+ВИДЕО) Бред Пит изненадување на премиерата на „The Lost City Оf Z“

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Премиерата на филмот “The Lost City Of Z” во Лос Анџелес собра многу познати личности, но изненадувањето на црвениот тепих беше присуството на Бред Пит. 53-годишниот актер, кој е во процес на тежок развод со Анџелина Џоли, веќе ретко се појавува на слични настани.

Изгледот му ги потврдува последните информации околу него дека некогашниот холивудски секс симбол е доста остарен и ослабен. На црвениот тепих минаа други двајца помлади актери кои учествуваат со главни улоги во лентата – Чарли Ханам и Роберт Патинсон. Иако тука изгледаат како пријатели, пред неколку дена се појави веста дека двајцата убавеци дури не си зборувале за време на снимањето.

Првично токму Бред Пит требаше да ја игра улогата на истражувачот Перси Фосет, но се откажа поради други обврски и зафатениот распоред. По неуспешните преговори со Бенедикт Камбербач, улогата на крајот беше доверена на Чарли Ханам.

Бред Пит сепак не се откажа целосно од проектот и остана како продуцент со својата компанија Plan B.