Јутјуб ги промени правилата за рекламира на корисниците

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Видео мрежата Јутјуб воведе нови правила за тоа како корисниците можат да почнат да прават пари преку рекламирање на своите канали, информира ВСС. Од неодамна регистрираните канали ќе треба да добијат 10 000 индивидуални прегледи пред да имаат право да ја искористат Partner програмата на мрежата.

Тоа го објавија од раководството на својата страница, додавајќи дека дури потоа ќе се одлучи дали корисникот ги почитувал правилата и има право на рекламирање. Така ќе се изврши притисок врз кражбата на содржина и регистрирањето на лажни канали, појаснуваат од Јутјуб.

“Откако уметникот ќе добие 10 000 прегледи, ние ќе ги анализираме неговите активности спрема правилата. Ако сè изгледа добро, ќе ја понудиме својата ограночка програма и ќе покажуваме реклами за нивната содржина. Овие мерки ќе обезбедат публика и приходи само за коректните клиенти”, изјави Ариел Бардин, потпретседател на производствената управа во компанијата.

Според неговите зборови нема да е тешко креаторот на каналот да добијат толку пати за кратко време, имајќи ја предвид глобалната публика од над 1 милијарда корисници.