Дизни се обидува да го патентира својот хуманоиден робот

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Американската компанија “Дизни” сака да патентира “меки” хуманоидни роботи кои можат да влегуваат во улога и да комуницираат со посетителите на “Дизни” -Паркови. Според доставените документацијата кон Светската организација за интелектуална сопственост, цитирана од “Си-Ен-Ен”, компанијата сака паметните машини да бидат “меки, нежни и поиздржливи”, за да бидат максимално погодни за физички контакт со мали деца.

Според барањето за патент “Дизни” веќе имаат воспоставено мал прототип на роботчето со димензии како играчка. Тој бил создаден со помош на 3D-печатач и е обвиткан во мека материја.

Според пронаоѓачите, машината ќе може да ги имитира стилот и движењата на секој цртан лик на барање.

Во моментов од “Дизни” одбиваат коментар по повод барањето за патентните права, како и одговор кога (и дали воопшто) роботите ќе станат дел од тимот на забавните паркови.