[РЕЦЕПТ] Јагнешка мусака со спанаќ

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Подготовка:
Се запржува 1 кг јагнешко мелено месо со 4 лажици масло и 2 глави кромид; се посолува и посипува со 1 лажичка црвен пипер.

Се попарува 1 кг спанаќ, потоа се сече на ситно и пржи со 3-4 лажици масло, 1 главица кромид и 1 лажица брашно. Додадете 2 лажици магдонос и половина лажичка црн пипер.

Се прелива во тава половина месо. На него се шират спанаќот, а одозгора – останатото месо. Истурете го малку топла вода. Јадењето се пече во умерена рерна.

Кога е скоро готова се прелива со 1 чаша јогурт, изматени 3 јајца, по што се допекува до зацрвенување во жешка рерна.