Состојки:
1 кг јагнешко месо
1/2 чаша масло
5 глави кромид
3 моркова
5 лукчиња
сол, бибер по вкус
магдонос
1 кг црвени пиперки
10 големи домати, излупени
Подготовка:
Исечете го месото на парчиња и испржете го до добивање златна боја во добро загреано масло. Потоа извадете го од маста и во неа запржете ги кромидот, лукот и морковот. Кога ќе поомекнат може да додадете дел од исечените домати, зачините, супа и да го вратите месото.
Варете на умерен оган. Кога месото ќе поомекне додадете исечени пиперки и останатите домати. По желба комбинирајте со малку брашно. Догответе го јадењето во тенџере или запечете во рерна. Конечно посипете со свеж магдонос.