“Епл“ вработиле тајно тим од биотехнолози за пронаоѓање лек за дијабетес

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Американската мултинационална компанија “Епл” најми тим од биоинженери како дел од тајна иницијатива за развој на сензори за лекување на диабет.Тоа го соопшти денеска телевизијата “Си-Ен-Би-Си”, повикувајќи се на тројца анонимни извори кои се запознаени со проектот.

Според нив, тимот се состои од околу 30 лица, но тие признаваат дека нивните информации може да се покажат како неточни, бидејќи во последно време “Епл” вработиле барем 10-тина нови кадри од сферата на биомедицината.

Се смета дека работата на научниците е обврзана со идејата на основачот на “Епл” Стив Џобс за измислување на паметни часовници или слична технологија со сензори, преку кои може да се набљудува постојано и неинванзивно статусот на шеќерот во крвта во крвта.

Слично откритие може да се покаже како “Светиот Грал” за лекарите и научниците, кои со години се обидуваат да ги следат гликозните нивоа без да е потребна инјекција и секогаш тоа е неуспешно. Според информациите инженерите работат во најбројната канцеларија во Пало Алто, на неколку километри од седиштето на корпорацијата во Купертино, Калифорнија.