Николовски: Земјоделците останаа без пари и за Велигден, субвенциите ќе ги исплати новата Влада!

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Прес конференција:

Новата реформска Влада е неопходна и мора да се овозможи брз и мирен трансфер на власта!

Освен што се блокирани сите процеси во државата, граѓаните се економски загрозени!

Меѓу нив се земјоделците кои се уште не ги имаат добиено субвенциите за минатата година, а многумина од нив и за претходните неколку години.

Поради несериозноста и неодговорноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните пратеници, илјадници земјоделци и нивните семејства го дочекуваат Велигден без пари.

Луѓето се оставени без субвенции токму во времето кога највеќе им се најпотребни за нови вложувања.

Дел од нив се задолжуваат за да продолжат да работат. Дел од нив немаат кој да им помогне, и тие, ако не посадат род, следната година нема да има ни од што да се прехранат.

Со недели досегашната власт ги лаже земјоделците дека исплатата на субвенциите само што не почнала. Тоа се случува додека секојднево смислуваат нови изговори да не им ги исплатат парите на луѓето, префрлувајки ја одговорноста од една на друга институција.

И по смена на тројца директори на Платежната агенција, субвенциите не се исплаќаат, а Министерството за финансии молчи – зошто земјоделците не ги добија своите субвенции што им следуваат по закон!

Токму затоа, мора да се формира новата демократска и реформска Влада, според изразената волјата на 700 илјади граѓани, согласно Деловникот, законите и Уставот на Република Македонија.

Доволно граѓаните патат 10 години за нечии лични интереси. Никој нема право со лаги, со барања за нови избори, со блокади на институциите да им ги уништува животот и иднината на граѓаните.

По промените земјоделците ќе ги добијат заостанатите субвенции, а новите субвенции ќе бидат повисоки и редовни. Ќе има субвенции и за зелена нафта за земјоделска механизација и ќе бидат ослободени од плаќање данок.

Да бидат уверени граѓаните, промените ќе се случат, ќе има живот и за земјоделците и за секој граѓанин на оваа држава.

 

Одговори на новинарски прашања,

Љупчо Николовски, пратеник,

П1: Г-дине Николовски ако е така како што тврдите дека не се исплатени субвенциите како ќе го натерате сеуште техничката власт во рамките што е надлежност до сега да го направат тоа и еве ќе формирате да речеме вие Влада како ќе исплатите на брзина заостанати субвенции од 2014 и 2016 година според вашите информации?

 Второто прашање е надвор од темата. Дали имате било какви информации како поранешен дополнителен заменик министер за земјоделство за било каков отворен предмет за земјиштето што е поврзани со Смилковско езеро?

Токму блокадата на институциите, на Собранието не е заради други интереси туку заради интересите на поединци да се сокрие криминалот којшто го откривме кога влеговме во рамки на институциите. ВМРО ДПМНЕ, криминалното раководство на ВМРО ДПМНЕ сака да спречи нова демократска и реформска Влада којашто ќе влезе во институциите и на површина ќе испливаат сите криминали и злоупотреби коишто биле правени. Нашата работа со мојот тим внатре во Министерството е уште поголем доказ дека токму тоа е целта на ВМРО ДПМНЕ да нема одговорност за ниту еден случај од оние од коишто кога бевме внатре а вкупно се 62 случаи коишто ги откривме кај коишто има констатирано злоупотреби на државните ресурси, дали се тоа се злоупотреба во делот на давањето на закуп на земјодлеското земјиште, дали се нзаконски и криминално исплатени субвенции на луѓе кои се блиски на власта. За сите овие случаи јас говорев надвор од собраниската говорница која те штити да можете да го изразите своето мислење, но јас немам добиено тужба за клевета или навреда затоа што знаат дека сето она што го зборевме е вистина. Целта на блокадата на ВМРО ДПМНЕ е да се спречи да исплива криминалот на површината, но и да се спречат токму овие реформски процеси коишто доаѓаат, а тоа е во делот на земјоделството да има ревизија на тоа како е доделено државното земјоделско земјиште, да има субвенции за зелена нафта, да има редовни, навремени и зголемени субвенции за вистинските земјоделци, не за оние правни и физички лица коишто се блиски на власта и кај коишто имаме констатирано неправилности и незаконитости, а кај којшто впрочем и државната ревизија ги констатираше истите тие незаконитости, да се спречи ослободување од персонален данок, да се спречи иднината и достоинствениот живот и на земјоделците и на сите граѓани на оваа земја. 

П2: Вчера најавивте дека ќе направите обид за одблокирање на Собранието. На кој начин? Имате некаков план?

Имаме и план и стратегија и многу скоро, во многу брзо време, мнозинството во Парламентот ќе ја преземе обврската и одговорноста и за избор на претседател на Собрание, и за избор на новата реформска Влада, и сметаме дека тоа е добро и граѓаните, сметаме дека ја имаме таа обврска како мнозинство и на граѓаните, над 700 илјади граѓани коишто ни ја дале довербата, и на 67 мандати кои се во Собранието, ние како мнозинство имаме право но и обврска тоа да го направиме. И да избереме претседател на Собрание, и нова демократска и реформска Влада што ќе работи единствено во интерес на граѓаните и она што можам да го кажам е дека тоа многу наскоро ќе го направиме.

 

П3: Велите имате план и стратегија за деблокирање, меѓутоа не се однесувате и вие малце комотно, имавте минатата недела продолжен викенд, еве сега е четврток, и денеска не работите…

Не мислам дека е така. Досегашната опозиција, претставена во Парламентот како мнозинство преку 67 пратенички мандати, во целиот овој период, многу трпеливо, мудро и одговорно се однесува и сме убедени дека многу наскоро, во интерес на граѓаните, токму ова парламентарно мнозинство во Собранието, ќе ја преземе обврската и одговорноста, да го деблокира Собранието, да избере претседател на Собрание, и да избере нова реформска и демократска Влада. Тоа право и обврска ни ги дале над 700 илјади граѓани на изборите, преточено во мнозинство во Парламентот, и нема никој да не спречи да избереме претседател на Собранието и нова Влада којашто ќе се грижи за граѓаните.

 

П4: Имаше шпекулации за тоа кои се плановите и стратегијата. Дали тој план и стратегија се целосно во рамки на Деловникот, законите и Уставот?

Токму така. Планот и стратегијата не можеме да ги комуницираме преку медиумите во овој момент, во интерес на сите процеси во државата, но она што ќе го направиме е во согласност со Уставот, со позитивните законски прописи и со Деловникот на Собранието. И согласно овие правни документи коишто малцинството во Собранието, првенствено преку претседавачаот на конститутивната седница ги прекрши и Уставот и Деловникот во неколку наврати во целиот овој период и тоа го потврдивме на јавноста и јавноста тоа го виде. Ние напротив, со целосно почитување на Уставот, законите и Деловникот на Собранието, ќе избереме претседател на Собранието и нова реформска Влада. Ние сме мнозинство во законодавниот дом. 67 пратеници го прават мнозинството во претставничкиот дом. Република Македонија е парламентарна демократија, согласно член 67 од Уставот, Собранието одлучува со мнозинство од пратениците и тоа апсолутно мнозинство во Собранието многу наскоро ќе ја преземе одговорноста да избере претседател на Собранието и нова реформска Влада.

 

П5: Имате ли поддршка од ДУИ Алијанска и Беса, дали таа поддршка е целосна и дали сте комплетно договорени и координирани за овој план?

Првенствено, таа поддршка е преку нашето барање потпишано од 67 пратеници доставено до претседавачот на конститутивната седница, за одблокирање на Собранието и закажување конститутивната седница и токму тие 67 мандати се мнозинството во Парламентот кои координирано ќе ја преземат одговорноста за избор на претседател на Собранието и на нова реформска Влада час поскоро.

 

П6: Дали тоа значи дека физички ќе го преземете раководењето со Собранието?

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието.

П7: Повеќето аналитичари го повикуваат ДУИ да ги повлече министрите од техничката Влада. Како е ставот на СДСМ по ова прашање? Се согласувате ли со повлекување на министрите од Владата со ВМРО-ДПМНЕ за побрзо да се формира нова Влада?

Тоа е одлука која треба да ја донесе ДУИ и за тоа ќе ги прашате нив. Она што е наш кооридниран став е дека овие 67 пратеници, односно апсолутното мнозинство во Парламентот ќе ја преземе одговорноста за деблокирање на сите процеси во државата, избор на претседател на Собранието и реформска Влада и тоа ќе го направиме час поскоро, во рамките на Уставот и Деловникот на Собранието.