Британскиот актер Џуд Ло ќе влезе во улогата на младиот Албус Дамблдор во филмската серија “Фантастична ѕверови и каде да ги најдеме”.
Во лентата, која се очекува да излезе во кината во ноември 2018 година, тој ќе застане рамо до рамо со Еди Редмејн и Џони Деп.
Последната голема улога на Лоу беше на малиот екран во серијата на Паоло Сорентино “Младиот папа”. Сега тој ќе мора да ја одигра младата верзија на ликот, познат по улогите на Ричард Харис и Мајкл Гамбон.
Снимањата за продолжението на “Фантастични ѕверови и каде да ги најдеме” ќе започнат во август оваа година. Во нив Дамблдор е се уште млад професор во “Хогвортс”, години пред да стане директор на волшебното училиште.
Во филмот, во режија на Дејвид Јејтс, ќе учествува и Џони Деп како негативецот Гринделвалд и Еди Редмејн како познатиот Њут Скамандер. Првиот филм предизвика значителен успех по премиерата во ноември 2016 година и освои над 800 милиони долари. Неодамна авторката на светот на Хари Потер Џоан Роулинг откри дека предисторијата на случувањата во книгите и ќе опфати вкупно пет филма.